24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрис Пол ја сруши Оклахома

Крис Пол ја сруши Оклахома

kris pol

ЛА Клиперси славеа во Оклахома (120:108) во дерби мечот кој во ноќта помеѓу средата и четвртокот се одигра во НБА лигата. Покрај Клиперси победи уште забележаа Портланд, Феникс, Бостон, Мајами, Милвоки, Чикаго и Сакраменто.

Крис Пол со 33 поени, 4 скока и 9 асистенции ги предводеше ЛА Клиперси до победата во Оклахома. Расел Вестбрук беше најекспонираниот играч на Оклахома со 24 поени, 9 скока, 7 асистенции но и 10 загубени топки.

Покрај Пол изминатат ноќ 30 и повеќе поени постигнаа уште Арон Брукс во победата на Чикаго над Филаделфија (104:95) и Крис Мидлтон кој го предводеше Милвоки до триумф на Орландо (97:91).

Центарскиот двоец Ламаркус Олдриџ (26 поени, 14 скока) и Робин Лопез (16 поени, 10 скока) му ја донесоа победата на Портланд во мечот со Хјустон (105:100).

Резултати: Голден Стејт-Детроит 105:98, Феникс-Минесота 106:97, Бостон-Мемфис (95:92), Шарлот-Сакраменто 106:113.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП