18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта загуби во Денвер, шест поени на Антиќ

Атланта загуби во Денвер, шест поени на Антиќ

Hawks Nuggets Basketball

Атланта загуби во Денвер (102:115), го запиша 14-от пораз во сезоната. Атланата и понатаму се наоѓа на лидерската позиција во Источната конференција, но го загуби првото место во лигата.

Перо Антиќ, кој не играше на претходните два натпревари, против Денвер на теренот мина нецели 20 минути и зад своето има запиша шест поени и три скока. Поранешниот македонски репрезентативец сите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања, додека од поле не успеа да погоди ниту еден од петте обиди (0/2 за два, 0/3 за три).

Причина за поразот на Атланта кај Денвер е лошата шутерска вечер на Џеф Тиг и Ал Хорофорд кои заедно постигнаа 14 поени. Атланта ја предводеше Кајл Корвер со 18 поени.

Данило Галинари со 23 поени, 5 скока и 5 асистенции го предводеше Денвер, во чии редови уште петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП