2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејан Манасков потпиша со Вардар

Дејан Манасков потпиша со Вардар

deki

Левото крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, од следната сезона ќе биде член на Вардар, и ќе остане во тимот на „црвено-црните” во следните три сезони односно до јуни 2018-та година, објави клубот на својата официјална веб страна.

Одличните настапи на Манасков подолго време се следеа од страна на стручниот штаб на Вардар, и откако се укажа можност клубот стапи во контакт и се договори со македонскиот репрезентативец, велат од Вардар.

Тој во моментов настапува за екипата на Вецлар во германската Бундеслига, каде на секој натпревар ги покажува своите играчки квалитети. По завршување на сезоната во Германија, Манасков ќе се приклучи на екипата на Вардар во подготовките за новите предизвици.

„Со задоволство можам да потврдам дека е потпишан договорот со Манасков, кој ќе остане во Вардар најмалку три сезони. Игрите на Манасков беа одлична препорака да му понудиме соработка, и на заедничко задоволство тој ќе се врати во Скопје и ќе игра за Вардар. Нашиот клуб отсекогаш сакал да ги има најдобрите во своите редови, а уште посреќни сме што еден репрезентативец на Македонија го одбра Вардар, како своја следна дестинација во кариерата”, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на РК Вардар.

Манасков во 2014-та година во изборот на „Хендбол Планет” беше избран во иделаниот тим на светот составен од млади ракометари на позицијата лево крило. Во 2013-та и 2015-та година беше дел од репрезентацијата на Македонија на СП во Шпанија и во Катар. Настапи и на ЕП 2012-та и 2014-та година во Србија и во Данска. Паралелно, Манасков настапуваше за екипата на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП