17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини го враќа Јоветиќ во Серија А!?

Манчини го враќа Јоветиќ во Серија А!?

joki

Претседателот на Интер Ерик Тохир и раководството на „нероазурите“ не се откажале од идејата да го привлечат напаѓачот на Манчестер Сити Стеван Јоветиќ, соопштуваат медиумите на Апенините.

Од Интер се обиделе да го земат Црногорецот уште во јануари, но тогаш наидоа на отпор од страна на „граѓаните“. Сега сепак од Интер започнале нови преговори со колегите од Сити.

Црногорскиот репрезентативец очигледно веќе не ја ужива довербата на Мануел Пелегрини, кој го извади од составот за елиминациската фаза во Лигата на Шампионите, за да го вклучи во него новодојдениот Вилфред Бони. Овој потег исклучително многу го разочара Јоветиќ, кој во моментов е четврти избор меѓу напаѓачите во тимот.

Токму привлекувањето на Јоветиќ е главната цел поставена од тренерот Роберто Манчини за летниот преоден рок.

Затоа Манчини ја покрена иницијативата да се врати поранешниот ас на Фиорентина повторно во Серија А. Јувентус исто така има слични амбиции, но засега не се преземат конкретни чекори.

Во исто време тренерот на Интер им рекол на своите шефови дека со Јоветиќ неговиот тим ќе направи голем чекор во развојот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП