21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНастасиќ во Шалке до јуни 2019-та година

Настасиќ во Шалке до јуни 2019-та година

matija nastasic

Српскиот репрезентативец Матија Настасиќ до јуни 2019-та година ќе биде играч на Бундеслигашот Шалке. Настасиќ во зимскиот преоден рок како позајмен играч од Манчестер Сити се пристигна во Шалке, а во средата германскиот клуб решил да ја активира откупната калузула.

Од доаѓањето во Шалке, Настасиќ ги одиграл сите натпревари за овој клуб во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

„Горд сум и среќен сум што ќе останам во Шалке. Сакам да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, рекол српскиот репрезентативец.

Настасиќ (21) кариерата ја започна во белградски Партизан, една сезона играше во Фиорентина, а потоа се пресели во Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП