27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ на „Стенфорд Бриџ“, Баерн домаќин на Шахтјор

ПСЖ на „Стенфорд Бриџ“, Баерн домаќин на Шахтјор

ls nova

Денеска ќе се одиграат уште две реванш осминафинални средби во Лигата на шампионите. Челзи, во Лондон, ќе му биде домаќин на ПСЖ, додека минхенски Баерн ќе игра против Шахтјор.

France Soccer Champions League

Челзи, во среда, слави роденден – 110 години од основањето на клубот и секако дека пласман во четвртфиналето ќе биде најубавиот подарок за навивачите.

„Тимот игра добро, минатиот викенд одморавме и целосно подготвени го очекуваме дуелот со ПСЖ. Не очекуваат 90 минути голема борба, која верувам ќе има среќен крај за нас“, изјавил Еден Азар.

Овие два тима во нокаут рундата играа и минатата сезона, тогаш по четвртфиналниот двомеч Челзи мина во следната фаза.

„Претходните две години тимот стигнуваше до четвртфиналето, но сега не очекува сериозна задача. Верувам во овој тим и во моите соиграчи. Имаме квалитет да го елиминираме Челзи“, рекол Бразилецот Давид Луиз, поранешен играч на Челзи, кој сега е еден од столбовите на ПСЖ.

sredbi 3

Минхенски Баерн не импресионираше на првиот меч во Украина кој заврши без голови. Екипата која е супериорна во Германија верува дека без проблем ќе го елиминира Шахтјор.

„Шахтјор е незгоден ривал, го покажаа тоа во првиот меч, но ние сме многу поквалитетни и сигурно одиме во четвртфиналето“, изјавил напаѓачот на Баварците, Аријан Робен.

Од друга страна Украинците се свесни дека Баерн е голем фаворит, но потенцираат дека во фудбалот понекогаш се случуваат чуда.

„Баерн покажува дека во овој момент е најдобриот тим во светот, голем е фаворот, но во фудбалот понекогаш се случуваат чуда“, рекол тренерот на Шахтјор, Мирчеа Луческу.

Дуелите во Лондон и Минхен ќе започнат во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП