20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба чини 200 милиони евра!

Погба чини 200 милиони евра!

pogi

Одличниот играч од средината на теренот е предмет на бројни шпекулации и претпоставки.

Неговите игри, фантастичните партии и голови, само ја подигнуваат цената, а Мино Рајола задоволно ги трие раце. Како што оцени фудбалскиот агент, само неколку клубови можат да си дозволат да го купат талентираниот Французин, причина за тоа е што Погба чини 200 милиони евра!

Ако од тоа ја одбиеме „стотката“ колку што Рајола бара за трансферот, преостанатиот износ ќе биде поделен за плата на самиот играч, бонусите и премиите кои би се подразбирале во зависност од перформансите на теренот.

Ваквите работи секако би можеле да влијаат на млад фудбалер каков што е Погба, кој се труди да не размислува за тоа.

„Сметам дека исклучиво морам да се фокусирам на теренот затоа што од овие работи може да ви се помати во главата. Јас се грижам за својата игра, а за останатите работи се разговара со Рајола. Мене ме интересисра Скудетото и ништо повеќе. Се трудам да напредувам на секој натпревар, да ја заслужам довербата на тренерот и соиграчите и да станам подобар“, вели Погба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП