18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн рекордер на Кливленд

Леброн рекордер на Кливленд

lebi

Кливленд го декласира Далас со 127:94, а победи во натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу вторникот и средата забележаа уште Сан Антонио, Индијана, Њу Орлеанс, ЛА Лејкерс и Јута.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд до убедливата победа во Далас (127:94) со 27 поени, 7 скока, 8 асистенции. Џејмс со првата асистенција на натпреварот стана најдобриот асистент на Кливленд во клупската историја. „Кралот Џејмс“ стигна до бројката од 4.207 асистенции во дресот на Кливленд и на вечната листа го мина Марк Прајс.

Покрај Леброн одлично издание против Далас имаа и Кајри Ирвинг (22 поени), Кевин Лав (21 поен, 14 скока), Џеј Ар Смит (21 поен) и Тимофеј Мозгов (17 поени).

Шампионот Сан Антонио против Торонто ја забележа шестата победа во низа. Иако на момeнт имаа предност од 26 поени сепак шампионите се  намачија за да стигнат до победата од 117:107.

Каваи Ленард со 24 и Тони Паркер со 23 поени и 9 асистенции го предводеа СА до победата, на другата страна најефикасен беше Кајл Лаури со 26 поени.

Серија од шест победи во низа има и тимот на Индијана. Пејсерси славеа над Орландо со 118:86, благодарение на 34-те поени кои ги постигна Родни Стаки.

Резултати: ЛА Лејкерс-Детроит 93:85, Далас-Кливленд 94:127, Сан Антонио-Торонто 117:107, Далас-Кливленд 94:127, Јута-Њујорк 87:82, Бруклин-Њу Орлеанс 91:111, Индијана-Орландо 118:86.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП