26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Ги заслуживме свирежите

Анчелоти: Ги заслуживме свирежите

anceloti-svirezi

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по мечот со Шалке во Лигата на шампионите изјавил дека неговиот тим одиграч лошо со многу грешки. Италијанскиот стратег исто така рекол дека не размислува дали ќе биде побарана негова оставка.

„Многу ми е жал, како што сите можеа да видат игравме многу лошо. Ова не е добро за клубот. Ги заслуживме свирежите од навивачите, но тоа само дополнително ќе не мотивира“, изјавил Анчелоти.

Реал во осминафиналниот реванш загуби од Шалке со 3:4, а во четвртфиналето мина благодарение на победата од 2:0 во првиот меч.

„И понатаму верувам во овој тим, мора повеќе да работиме. Никој не сака вакви натпревари – се обидовме да ги исправиме грешките во одбраната, особено бевме лоши во првото полувреме“.

Реал од елиминација го спаси голманот Касиљас кој имаше две интервенции во последните пет минути од натпреварот. ‘Кралскиот клуб’ нема победа на последните три натпревари, што е втора ваква серија од почетокот на годината.

„Не размислувам дали ќе добијам отказ. Морам да работам подобро и да направам мојот тим да игра подобро. Бевме под притисок во последните пет минути. Сите заедно мора ова да го поправиме – ја загубивме самодовербата и не играме онака како што посакуваме“, дополнил Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП