5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИграчите на Шалке: Заслуживме повеќе

Играчите на Шалке: Заслуживме повеќе

11840-shalke

Фудбалерите на Шалке се разочарани и покрај победата на „Сантијаго Бернабеу“ над Реал (4:3) во осминафиналниот реванш во ЛШ.

Германците кои беа отпишани по првиот меч на кој Реал победи со 2:0, во Мадрид одиграа храбро и без респект кон ѕвездите на ‘карлскиот клуб’, но Икер Касиљас ги спречи да се пласираат во четвртфиналето.

„Игравме одлично. Не се уплашивме, добро ја контролиравме топката. Требаше да постигнеме уште еден гол. На карајот повеќе сме разочарани него што сме среќни.

Многу сме тажни“, рекол стрелецот на третиот гол за Шалке Лерој Сане.

Капитенот на Шалке, Бенедик Ховедес, имаше шанса во 90.минута да го одведе тимот меѓу најдобрите осум во ЛШ, но неговиот удар го одбрани Касиљас.

„Одиграве брилијантен натпревар. Бевме многу храбри, не не надигра еден екстра тим каков што е Реал. Им честитам на соиграчите, заслуживме многу повеќе“, рекол Ховедес.

Два гола за Шалке постигна поранешниот играч на Реал, Клас-Јан Хунтелар.

„Секако дека сме среќни поради овој меч, но можевме да добиеме и многу повеќе. Лесно ги примивме головите, требаше да имаме предност на полувремето. Реал не се чувствуваше комотно“, рекол холандскиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП