19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке не успеа во Мадрид, Касиљас го спаси Реал

Шалке не успеа во Мадрид, Касиљас го спаси Реал

528721_20141025reutersjuan-medinamadrid-di006850075_f

Реал и Порто се првите два тима кои изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони. И додека Порто во реваншот го декласираше Базел (4:0), Реал од резил и елиминација, иако на „Сантијаго Бернабеу“ загуби од Шалке (3:4), го спаси Икер Касиљас.

Шалке во Мадрид го одигра најдобриот натпревар во последните неколку сезони, но голманот на Реал Икер Касиљас ги спречи да ја направат најголемата сензација во историјата на ЛШ.

Германскиот тим два пати водеше во првото полувреме со головите на Фукс и Хунтелар, но предноста два пати ја поништуваше Кристијано Роналдо.

Во вториот дел Бензема му донесе водство на Реал, во храбрата игра на Шалке му донесе пресврт и водство од 3:4. Најпрвин Сане израмни, а потоа Хунтелар ја најави драмата во Мадрид, во која херој на Реал е Касиљас кој во последните пет мунути спречи два чисти гола по ударите на Сане и Ховедес.

Реал се пласира во четвртфиналето но ја прекина серијата од десет победи во низа во ЛШ. Исто така ‘кралскиот клуб’ ја продлабочи кризата, откако и на третиот меч по ред не успеа да победи.

Поради тоа по завршувањето на мечот навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ ги испратија играчите со свирежи во соблекувалната.

Порто без проблеми се справи со Базел и по четири сезони повторно се најде меѓу најдобрите осум во ЛШ.

Брилијантни голови постигнаа Брахими и Каземиро, а стрелци беа и Ерера и Абубакар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП