
Официјално најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, во вторникот, стана најдобриот стрелец во историјата на европските купови.


Официјално најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, во вторникот, стана најдобриот стрелец во историјата на европските купови.
Португалецот на натпреварот со Шалке постигна два гола и стигна до бројката од 78 голови во европските купови.
Роналдо со своите два гола заедно со голманот Касиљас го спасија Реал од елиминација против Шалке (3:4).
Напаѓачот на Реал до мечот со Шалке беше на делба на првата позиција заедно со Лео Меси и Раул Гонзалес.