21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСаутемптон ја има најдобрата академија во светот

Саутемптон ја има најдобрата академија во светот

southampton 24

Англиски Саутемптон е клубот со најпрофитабилна академија во светот, покажува истражувањето на Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES Football Observatory).

Извештајот ја разгледува продажбата на сопствените кадри во периодот од јули 2012-та година до сега во петте најголеми првенства – Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција. Под сопствени кадри се земени предвид фудбалери, кои тренирале во клубот барем три сезони меѓу 15-21 години.

Во разгледуваниот период Саутемптон продал тројца играчи во вкупна вредност од 90.2 милиони евра – Калум Чемберс во Арсенал, Адам Лалана во Ливерпул и Лук Шо во Манчестер Јунајтед.

Тие се еден од најсветлите примери за правилна стратегија за развој на фудбалски клуб. Пред помалку од шест години тие беа во постапка за стечај и го заземаа едно од последните места во третото ниво на англискиот фудбал – Лига 1.

Во летото 2009-та година клубот беше купен од фамилијата Либхер, со што почна нивниот подем. Три години подоцна клубот се врати во Премиер лигата, а во оваа сезона – и покрај продажбата на голем број од стандардните играчи и заминувањето на менаџерот Маурисио Покетино – е меѓу главните кандидати за место во првата четворка и пласман во Лигата на Шампионите.

Производ на академијата на Саутемптон е и најскапиот фудбалер во светот – Герет Бејл, кој не спаѓа во студијата, бидејќи беше продаден на Реал Мадрид од Тотенхем. Друг од кадрите на „светците“ е Тео Волкот од Арсенал.

„Саутемптон е одличен пример за тоа како работата со младите играчи може да претставува клучна конкурентна предност како на спортско-технички, така и на економски план, дури и во најбогатата лига во светот“, истакнуваат авторите на извештајот.

На второ место по приходи од продажба на играчи од 2012-та година до сега е Лил. Во овој период францускиот клуб ги има продадено Еден Азард, Дивок Ориген, Лукас Дин, Матео Дебуши и Џани Бруно за вкупно 76 милиони евра.

Трет само со двајца продадени играчи е Реал Сосиедад, кој се раздели со Асиер Илараменди и Антоан Гризман за сума од 62.2 милиони евра.

Првите десет се дополнува со Севиља (51,5 милиони евра), Борусија Дортмунд (43.5), Реал Мадрид (43), Барселона (38.8), Рен (33,6),  Монпеље (33.5) и Сент Етјен (32.8).

Топ 20 на клубовите со најпрофитабилни академии во последните две и пол години можете да ја видите тука.

Во класификацијата по првенства на чело е француската Лига 1, која во разгледуваниот период има генерирано 292 милиони евра од продажба на сопствени кадри. На второ место е шпанската Примера дивизион со 276 милиони, а на трето е Премиер лигата на Англија – 227 милиони. Од школата во Бундеслигата биле продадени играчи за 163 милиони, а во Серија А – 114 милиони евра.

Барселона, пак, е клубот од чија академија има најмногу фудбалери во големите пет првенства на Европа. Во 2014-та година тие биле вкупно 43, а 13 од нив биле во составот на каталонците.

Рекордерот по титули во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, е втор во рангиграњето со 36, од кои 12 биле во составот на „црвените ѓаволи“ во минатата година.

На трето место е Реал со 34 (8 во првиот тим на клубот), следен од француските Лион со 33 (15) и ПСЖ со 27 (5).

Целата листа на клубовите, од чии академии има најмногу фудбалери во големите пет првенства, можете да ја видите тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП