27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА официјално го повлече признавањето на АБА лигата

ФИБА официјално го повлече признавањето на АБА лигата

aba_league_logo1

ФИБА Европа официјално ги известила челниците на АБА лигата и националните федерации дека одлуката за непризнавање на регионалното натпреварување на сила ќе стапи на 1-ви мај.

„Бордот на ФИБА разговараше за статусот на вашата лига, која не беше во состојба да докаже дека ги исполнува сите законски и регулаторни барања. Одборот одлучи да биде повлчена одлуката за признавање на Јадранската лига. Оваа одлука на сила ќе стапи по завршувањето на сезоната 2014/2015 односно на 1-ми мај 2025-та“, се наведува во соопштението кое извршниот директор на ФИБА Камил Новак му го испратил на претседателот на Јадранската лига, Радован Лорбек.

Инаку Кошаркарските сојузи на Србија и Хрватска ја поддржаа Јадранската лига, како натпреварување преку кое нивните тимови би се бореле за пласман во Евролигата или во Еврокупот, натпреварувања кои ги признава УЛЕБ.

Од друга страна, Кошаркарскиот сојуз на Словенија во понеделникот излезе со став дека ја прифаќа одлуката на ФИБА, додека најтрофејниот клуб во оваа земја Олимпија има поинаков став, а тој е дека клубот ја признава АБА лигата.

Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора најави дека во наредните денови ќе го соопшти својот официјален став по ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП