7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm планира откуп на акции за 15 милијарди долари

Qualcomm планира откуп на акции за 15 милијарди долари

Qualcomm2222

Производителот на чипови „Qualcomm“ најави дека ќе направи откуп на акции за 15 милијарди долари и ќе ја зголеми својата тримесечна дивиденда, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата планира да откупи назад акции за 10 милијарди долари во следните 12 месеци. Акциите на „Qualcomm“ поскапеа за 2,6% до 74,60 долари на вчерашната трговија.

„Qualcomm“ ја зголеми тримесечната дивиденда до 48 центи за акција од 42 центи. Зголемувањето влегува во сила од 25-ти март.

Уште во март минатата година компанијата го прошири својот план за откуп на акции од 2,8 милијарди долари на 7,8 милијарди долари.

Во понеделникот „Qualcomm“ соопшти дека ќе продолжи да враќа најмалку 75% од слободните парични текови на годишна база на акционерите.

На крајот на фискалната 2014-та година, која заврши во септември, производителот на чипови објави дека распределил 7,1 милијарди долари на акционерите, што изнесува 93% од слободните парични текови.

„Qualcomm“ забележа изненадувачки раст во текот на кварталот, кој заврши во декември, со силно претставување на нејзините чипови кои ги користи „Apple“. Сепак компанијата намали ги очекувањата за продажбата, што покажуваат промените кои ги преживуваат производителите на смартфони и се поголемата конкуренција во Кина.

Минатиот месец „Qualcomm“ објави дека го проширува брендот „Snapdragon“ и претстави четири нови процесори од овој бренд наменети за мобилни уреди.

Во февруари Јужна Кореја најави дека размислува да започне истрага против „Qualcomm“, бидејќи се сомнева дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот на технологии за смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП