11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранцуски олимпијци загинаа во Аргентина

Француски олимпијци загинаа во Аргентина

sportisti francija

Канцеларијата на францускиот претседател, Франсоа Оланд, потврди дека во хеликоптерската несреќа која се случи во Аргентина, загинале осуммина државјани на оваа земја, од кои тројца биле прославени спортисти.

Во сударот на двата хеликоптера кој се случил во северозападната област Ла Риоха, загинаа вкупно десет лица, осум државјани на Франција и двајцата аргентински пилоти. Загинатите учествувале во снимањето на реалното шоу за „Исклучени“.

Меѓу загинатите се носителката на олимписки медали во пливање Камил Муфат (25), боксерот Алексис Вастин (28) носител на бронзен олимписки медал во 2012 и Флоренс Арто (57) која е позната по својата победа во престижната трка на јахти „Рут ду Рум“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП