19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Атланата и ГС стигнаа до 50 победи

НБА: Атланата и ГС стигнаа до 50 победи

17219497-mmmain

Атланта и Голден Стејт се првите тимови кои сезонава остварија 50 победи во НБА лигата, додека Њујорк го запиша 50-от пораз. Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот индивидуално ја одбележа Ентони Дејвис кој постигна 43 поени.

Перо Антиќ со одлука на тренерот не играше на натпреварот во кој Атланта го декласира Сакраменто со 130:105. Сите играчи на Атланта кои играа на овој меч постигнаа поени, а шестмина имаа двоцифрен број на поени. Кај Корвер и Ал Хорфорд постигнаа по 20 поени, а Џеф Тиг имаше учинок од 18 поени и 13 асистенции.

Голден Стејт предводен од Стефон Кари (36 поени) и Клеј Томпсон (25 поени), славеше над Феникс со 98:80.

Атланта има скор 50 победи и 13 порази, додека Голден Стејт е со учинок од 50 победи и 12 порази.

Ентони Дејвис се врати по повредата во тимот на Њу Орлеанс и со учинок од 43 поени, 10 скока и 6 асистенции го предводеше тимот до победата над Милвоки од 114:103.

Резултати: Шарлот-Вашингтон 69:95, Мајами-Бостон 90:100, Чикаго-Мемфис 91:101, Денвер-Њујорк 106:78, ЛА Клиперс-Минесота 89:76.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП