24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВелбек му се одмазди на Јунајтед

Велбек му се одмазди на Јунајтед

267ADFFC00000578-2986950-image-a-71_1425936346301

Арсенал го елиминираше Манчестер Јунајтед од ФА купот, откако четвртфиналето кое се одигра на „Олд Трафорд“ го доби со 2:1. Елиминацијата значи дека тековната сезона Јунајтед ќе ја заврши без трофеј.

Арсенал целосно го надигра големиот ривал, а патот во полуфиналето му го трасираше довчерашниот играч на Јунајтед, Дани Велбек.

Арсенал стигна до предност со голот на Монреал, а израмни Руни со глава по центаршутоит на Ди Марија.

Во финишот на мечот Велбек искористи голема грешка во одбраната на ‘црвените ѓаволи’ и го постави конелниот резултат. Инаку Велбек во финишот на преодниот рок беше продаден за во Манчестер да може да пристигне Радамел Фалкао.

Покрај Арсенал пласман во полуфиналето на ФА купот обезбеди Тотенхем, додека преостанатите два тима ќе бидат познати по одигрувањето на повторените натпревари во кои ќе се сретнат Блекбурн-Ливерпул и Рединг-Бредворд. Полуфиналните натпревари ќе се играат на „Вембли“ на 18 и 19 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП