14 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВелосипедскиот врв го криел допингот на Армстронг

Велосипедскиот врв го криел допингот на Армстронг

CANADA-CYCLING-USA-ARMSTRONG-FILES

Меѓународната велосипедска унија (UCI) му помогнала на Ленс Армстронг околу прикривањето на најголемиот допинг скандал во историјата на велосипедизмот, покажува извештајот составен од Независната реформска комисија (CIRC). Оваа комисија била составена минатата година со цел да ги истражи сите назеконски активности кои се случувале во велосипедизмот во последните 20 години.

Најголемиот скандал секако е допинг аферата на Армстронг поради што тој доби суспензија и му беа одземени седумтте титули кои го освои на „Тур д ’Франс“. Инаку Армстронг беше суспендиран по истрагата на Американската анти-допинг ангенција, а дека систематски се допингувал тој потврди во шоуто на Опра Винфри.

Во својот извештај CIRC наведува дека состојбите во велосипедизмот се подобрени во изминатите неколку години и дека сега кога возачите се ’чисти’ конкуренцијата е поголема.

Комисијата разговарала со 174 функционери, тим менаџери, докторои и возачи, при што установила дека претходните челници на UCI често ’гледале низ прсти’ кога во прашање бил допингот. Како што се истакнува во Извештајот особено тоа било забележливо во случајот со Ленс Армстронг.

На чело на светскиот велосипедизам во перидот од 1999 до 2009 година биле Хајн Фербруген и Пат Меквејд.

Во извештајот кој го изготви CIRC се истакнува дека кога Армстронг бил обвинет дека во 1999 година за време на „Тур д’Франс“ користел допинг, главна цел на истражителите била да се изготви извештај кој ќе ги задоволи двете страни, во случајов Армстронг и UCI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП