17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд немоќен во Атланта, Антиќ без поени

Кливленд немоќен во Атланта, Антиќ без поени

cavs atl

Атланата го победи Кливленд (106:97) во дерби мечот одигран во ноќта помеѓу петокот и саботата во НБА лигата. Покрај Атланата ноќта ја одбележа и Џејмс Харден кој во победата на Хјустон над Детроит (103:93) забележа „трипл дабл“.

Дека е најдобриот тим на Истокот Атланата покажа и против Кливленд, каде по фуриозната прва четвртина (36:19) стигна до 49-от триумф во 61-от натпревар сезонава. Атланата сезонава победи на сите четири натпревари со Кливленд кој има скор од 39 поени и 25 порази и се наоѓа на четвртата позиција во Источната конференција.

Перо Антиќ во триумфот на својот тим имаше епизодна улога, тој на теренот мина шест ипол минути, а во статистиката имаше само еден неуспешен обид за три поени.

Хоукси во своите редови имаа шестмина играчи со двоцифрен ефект: Хорфорд (19 поени, 10 скока, 6 асистенции), Милсап (16 поени, 8 скока), Тиг (16 поени), Бизморд (15 поени), Скот (14 поени), Керол (11 поени, 7 скока).

Ирвинг со 20 поени го предводеше Кливелнд , додека добрата одбрана на Атланата го натера Леброн Џејмс да загуби дури девет топки, тој натпреварот го заврши со 18 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Џејмс Харден опасно му се заканува на Стефон Кари во трката за МВП признанието, тој на натпреварот со Детроит (103:93) имаше учинок од 38 поени, 12 скокови и 12 асистенции. Харден го следеа Теренс Џонс со 17 и Кори Бруер со 15 поени.

Голден Стејт славеше над Далас со 104:89 и стигна до 48-та победа во сезоната. Стефон Кари го предводеше својот тим со 22 поени и осум асистенции, Дени Грин постигна 18, а Клеј Томпсон 16 поени.

Резултати: Шарлот-Торонто 103:94, Индијана-Чикаго 98:84, Орландо-Сакрамнето 119:114, Филаделфија-Јута 83:89, Вашингтон-Мајами 99:97, Бруклин-Феникс 100:108, Мемфис-ЛА Лејкерс 97:90, Њу Орлеанс-Бостон 98:104, Сан Антонио-Денвер 120:111.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП