18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба рекол "да" на ПСЖ!?

Погба рекол “да” на ПСЖ!?

paul-pogba-56

Играчот на Јувентус, Пол Погба дал согласност да премине во ПСЖ во текот на летото. Ако зделката се оствари, францускиот репрезентативец ќе добива во новиот клуб по 10 милиони евра по сезона или двојно повеќе отколку што добива во Јуве.

Пред два дена агентот на Погба, Мино Раиола изјави дека е подотворена вратата за трансфер во текот на летото, велејќи дека не е исклучено 21-годишниот фудбалер да го облече дресот на ПСЖ.

Раиола, кој се грижи за интересите на некои од сегашните играчи на парижаните – Златан Ибрахимовиќ, Максвел и Грегори ван дер Вил, е во одлични односи со раководството на францускиот шампион.

Преговори меѓу двата клуба уште не започнале, но ако Погба всушност решил да ја продолжи кариерата на „Парк де Пренс“, таквите ќе претстојат наскоро. Единствената пречка за трансферот може да биде финансискиот ферплеј. Јуве ќе побара за најдобариот фудбалер околу 100 милиони евра, што ќе го обврзе ПСЖ да се раздели со барем две од ѕвездите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП