19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки панично слетаа во Љубљана, Радичевиќ: Мислевме дека е крајот

Вардарки панично слетаа во Љубљана, Радичевиќ: Мислевме дека е крајот

vardarki

Ракометарките на ЖРК Вардар пред решавачкиот меч во Лигата на шампиони преживеале ужасни сцени во авионот на дестинацијата Скопје-Љубљана, кој едвај ја допрел пистата на аеродромот Брник.

Проблемите започнале кога авионот започнал да се спушта кон главниот град на Словенија, кога дошло до драматични сцени.

„Беше хаос. Авионот започна да слетува и почна да се ниша. На почетокот помисливме дека веројатно се работи за турбуленција, но потоа ветерот започна да дува се посилно и посилно како што се спуштавме. Го видовме градот и пистата, по што авионот се накриви почна нагло да пропаѓа. Многумина од нас почнаа да врескаат, по што авионот се крена нагоре“, изјави Јованка Радичевиќ за подгорички „Вијести“.

Колку била опасна ситуацијата најдобро говори фактот што стјуардесата била целосно загубена, дезориентирана и не реагирала да ги повика патниците, појаснува репрезентативката на Црна Гора.

„Никој не ни се обрати. Стјуардесата целосно занеме, а пилотот ни се обрати дури по 15 минути по ужасните сцени, велејќи дека сме биле под силен страничен ветер и дека ќе се обиде да дојде до пистата од другата страна. Верувајте, беше ужасно, а некои од нас кои се плашат од летање помислија дека ова е крајот.  Долго време не можевме да си дојдаме на себе“, рече Радичевиќ.

Натпреварот Крим-Вардар треба да започне во петок во 19.00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП