30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо „дрим тимот“ на Роналдињо има место само за оригиналниот Роналдо

Во „дрим тимот“ на Роналдињо има место само за оригиналниот Роналдо

ronaldinjo tim1

Роналдињо, еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра, го одбра идеалниот тим на шампионската Лига. Изненадувачки во тимот кој го одбра Бразилецот нема место за Португалецот Роналдо, кој ова натпреварување го освои двапати (Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид).

Роналдињо кој како играч на Барселона во сезоната 2005/2006 ја освои титулата во ЛШ го образложил својот избор на идеалниот тим.

Џанлуиџи Буфон: „Во мојата ера имаше неколку извонредни голмани, но ниту еден не беше толку долго на врвно ниво како Буфон.“

Кафу: „Не можете да станете фудбалер со најмногу настапи за Бразил доколку не сте посебни. Бев пресреќен кога со Милан ја освои Лигата на шампиони, ќе беше голема неправда најдобриот десен бек во историјата на фудбалот да остане без најголемиот клупски трофеј.“

Џон Тери: „Во Барселона неколкупати играв со Челзи и тогаш забележав колку важен играч за овој клуб е Тери. Тешко е да се игра против него, фантастичен водач е, водач каков што мора да имате на важни натпревари.“

Паоло Малдини: „Еден од најдобрите играчи во историјата на Лигата на шампионите. Кај него е импресивно што тој не изгледаше како дефанзивец, туку како елегантен фудбалер од редот за врска.“

Роберто Карлос: „Покрај тоа што е еден од најдобрите изведувачи на слободните удари во историјата, Роберто Карлос е еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот. Секако дека е еден од најзаслужните за победите на Реал во ЛШ.“

ronaldinjo tim

Клод Макелеле: „Дефанзивците се чувствуваа сигурно знаејќи дека тој е пред нив, а напаѓачите дека тој стои зад нив. Никогаш не одиграл лош натпревар.“

Френк Лампард: „Му реков на тренерот за Франк Лампард дека Барселона треба да го донесе, но тој не сакаше да замине од Челзи. Сигурен сум дека и Челзи немаше да го пушти да си оди, бидејќи беше еден од најдобрите во Европа. Бројот на голови што ги има постигнато е импресивен за играч од средниот ред.“

Кака: „Не се снајде во Реал, но да не заборавиме дека вистинскиот Кака е оној кој играше во Милан. Две-три сезони беше најдобриот играч во светот. Можеше да направи сé што ќе посакаше.“

Лионел Меси: „Не постојат зборови со кои би можел да го опишам, едноставно тој е волшебен. Единствено жалам што не играв подолго со него во Барселона.“

Тиери Анри: „Тој е мој пријател со кого играв во Барселона, а со кого малку недостасуваше да играм и во Њујорк. Кошмар за дефанзивците-брз, силен, технички совршен.“

Роналдо: „Беше мој идол. Најкомплетниот напаѓач во историјата на фудбалот.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП