ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал дава 60 милиони фунти за Мората!?

Арсенал дава 60 милиони фунти за Мората!?

moki

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака во своите редови да го донесе напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората и за него е подготвен да плати вртоглави 60 милиони фунти, тврди англиски „Мирор“.

Напаѓачот кој има 23 години и пред почетокот на сезоната пристигна меѓу „бјанконерите“ игра во одлична форма и наводно „топџиите“ веќе се заинтересирани за него. Јуве го ангажира Мората за само 20 милиони евра и ако се согласи на трансфер ќе има огромен профит.

Исто така, при евентуален трансфер на Шпанецот ќе заработи и неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид затоа што во договорот стои дека клубот ќе добие процент при секоја наредна продажба.

Шпанскиот напаѓач за Јуве на 30 натпревари има постигнато девет гола, а исто така има и уште шест асистенции.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП