18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот кој победува не се менува! Лев и соработниците ќе ја водат...

Тимот кој победува не се менува! Лев и соработниците ќе ја водат Германија до 2018-та

lev21

Јоаким Лев ќе остане на чело на Германскиот национален тим до 2018-та година. Според германските медиуми преговорите помеѓу него и Германскиот фудбалски сојуз се во завршна фаза.

Сегашниот договор на селекторот на Бундестимот е до крајот на Европското првенство во Франција во 2016-та година. Според новиот договор, тој ќе остане на чело на Германија до 2018-та година, кога е Мундијалот во Русија. Заедно со него ќе преподпишат и членовите на неговиот тим, кој го вклучува менаџерот на тимот, Оливер Бироф, помошник тренерот Томас Шнајдер и тренерот на голманите Андреас Кепке.

Лев е на чело на Германија од август 2006-та година. Подолго на функцијата биле само Ото Нерц (1926 – 1936), Сеп Хербергер (1936 – 1964) и Хелмут Шон (1964 – 1978). Пред тоа, 55-годишниот тренер беше помошник на Јирген Клинсман, но го презеде Бундестимот по неговото заминување.

Под раководство на Лев, Германија секогаш влегува во финалната четворка на сите големи првенства. Најголемиот успех е светската титула во 2014-та година. Во 2006-та и 2010-та неговиот тим го освои бронзениот медал. На Европското првенство во 2008-та година Германија е финалист, а во 2012-та година отпаѓа во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП