5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена ѕвезда го надигра европскиот првак

Црвена ѕвезда го надигра европскиот првак

582021_czmak050315rasfoto-marko-metlas15_f

Кошаркарите на Црвена звезда приредија вистинско изненадување во деветтото коло во Топ 16 фазата, со победата над актуелниот европски првак Макаби (89:76).

Црвена звезда до победата стигна со неверојатната серија од 20:0 во периодот од 33.до 38 минута во која блескаа Америкаците Вилијамс и Џенкинс и најдобриот играч на ‘црвено-белите’, Марјановиќ. Последната четвртина Црвена звезда ја доби со резултат 35:17.

Токму Марјановиќ го предводеше тимот до победата со 19 поени и 17 скокови, Вилијамс имаше учинок од 17 поени, 7 скока, 5 асистенции, а Џенкинс постигна 16 поени.

Панатинаикос во дербито загуби од Барселона со 77:81 и остана на четвртата позиција на табелата, додека Барса со Макаби има скор 6-3.

Во Ф групата Фенербахче славеше над Нижњи Нивгород со 92:79, а Лаборал Куча загуби од ЦСКА со 74:81.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП