10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах му пресуди на Јувентус

Салах му пресуди на Јувентус

67c060ba9d344cfb14a762a07b4400d4_L

Фудбалерите на Фиорентина стекнаа голема предност по првиот полуфинален меч во Купот на Италија, откако во Торино славеа над Јувентус со 2:1.

Фиорентина до победата стигна со головите на Мохамед Салах, египетскиот репрезентативец стигна до бројката од седум постигнати голови на шест одиграни натпревари во виолетовиот дрес.

Салах првиот гол го постигна во 11.минута кога претрча речиси 70 метри, мина двајца дефанзивци на Јувентус и лесно го совлада Сторари.

Јувентус израмни во 24 минута кога центаршутот на Пепе во гол го претвори Фернандо Љоренте.

Вториот свој гол Салах го постигна во 56.минута кога ја казни катастрофалната грешка на Маркизио.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 7.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП