Кристијано Роналдо е најбогат фудбалер во светот, според „2015 Goal Rich List“, годишен приказ на најбогатите активни играчи.
Ѕвездата на Реал Мадрид, исто така беше на врвот на листата во 2014-та година, но овој пат за разлика од пред 12 месеци има 10 милиони повеќе од Лионел Меси кој се наоѓа на втората позиција, а вкупното лично богатство на Португалецот е од 210 милиони евра.
Роналдо го зголеми своето богатство значително, благодарение во голема мера од бонусите кои ги заработи помагајќи му на Реал Мадрид да ги освои Лигата на Шампионите и Светсткото клупско првенство. Тој, исто така, доби сума за освојување на „2014 Ballon d’Or“.
Додадено на тоа, уште повеќе приходи беа препишани од комерцијалните договори со компаниите, како „Toyota“, „Herbalife“ и „Samsung“, додека неговата долгорочна соработка со „Nike“ остана клучна фабрика за пари.
Меси, кој има само 2 милиони евра помалку од богатството на Роналдо во 2014-та година, продолжува да генерираат големи количини надвор од областа, преку двете комерцијални „tie-ins“ и недвижности, со што видовме дека го проширил своето портфолио.
Експерти од оваа област од целиот свет работеа за да ја направат конечната шема за 2015-та година, со детален каталог на инвестициите од најдобро платените фудбалери во светот.
Нејмар се најде на третото место во ова рангирање, затоа што тој и неговото семејство имаат голема полза од трансферот од Сантос во 2013-та година. Фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е четвртти, а напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Вејн Руни е петтиот и со него се затвора листата на фудбалери кои регистрирале лично богатство од над 100 милиони евра.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам беше на врвот на листата во 2013-та година, пред неговото пензионирање.