27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар-Веспрем дерби без резултаско значење

Вардар-Веспрем дерби без резултаско значење

vardar vesprem

Бранителот на титулата Вардар и унгарскиот шампион Веспрем в сабота ќе го одиграат дерби натпреварот од последното 18 коло, во регуларниот дел од СЕХА лигата. Натпреварот нема резултатско значење бидејќи двата тима веќе обезбедија пласман на завршниот турнир.

Вардар во конечнната табела ќе биде втор, зад Веспрем, па тренерот Раул Гонзалес најави дека малку ќе тактизира со составот, со оглед на неколкуте кадровски проблеми со кои се соочува неговиот тим.

„Од натпреварувачки аспект ова не е толку важен натпревар за нас, ние работата си ја завршивме во минатото коло во Прешов, ја освоивме втората позиција, така што е добро што овој меч ќе го играме растоварено без притисок. Овој натпревар ќе ни послужи како подготовка за дуелот со Висла во Лигата на шампиони. Ќе се обидам да им дадам шанса на сите ракометари“, рече на прес конференцијата тренерот на Вардар Гонзалес.

Шпанскиот стратег информираше дека Матијаж Брумен сигурно нема да игра, а состојбата околу неговата повреда и дали сезоната за него е веќе завршена ќе се знае по прегледите кои ќе му бидат извршени во Словенија. На ситни повреди се жалат Абутовиќ, Растворцев и двајцата пикери Тоскиќ и Чипурин, што значи дека на оваа позиција многу поголема минутажа ќе добие репрезентативецот Стоилов.

„Веќе се знае кој е прв кој втор, ќе играме без притисок, но сепак Вардар е Вардар, играме на домашен терен пред нашите навивачи и ја посакуваме победата. Тие се наши должници бидејќи три пати сезонава не победија“, рече Стојанче Стоилов.

Инаку Вардар оваа сезона два пати загуби од Веспрем во Лигата на шампионите (24:23 и 32:24 и еднаш во СЕХА лигата (31:23).

Дуелот помеѓу Вардар и Веспрем ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП