27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовиот договор на Пепе е голем проблем за Варан!

Новиот договор на Пепе е голем проблем за Варан!

pepe varane

Новиот договор за Пепе е само прашање на време, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што известува шпанска „Марка“, 32 – годишниот Португалец многу скоро ќе биде награден со ново продолжување на соработката.

Сегашниот договор на Пепе истекува на 30-ти јуни 2016-та година, а раководството на Реал нема дилеми околу останувањето на овој фудбалер.

Самиот играч има долг стаж во Мадрид и авторитет во соблекувалната, а на тоа треба да се додаде и одличниот однос до Флорентино Перез, што секако му ги олеснува работите.

Клубот и играчот имаат заеднички став околу материјалниот дел, а единствено што може да биде препрека е должината на траењето на новиот договор.

Реал Мадрид нуди продолжување на соработката до 2017-та година, додека Пепе сака плус уште една година.

Тоа што може да биде дополнителен проблем за „кралевите“ е незадоволството на Варан, кој со ваквиот развој на настаните, најверојатно дополнително ќе се зголеми.

Oстанува да се види дали Анчелоти ќе успее да ги вклопи сите штопери кои сакаат да бидат стартери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП