21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук како Џордан, Гасол го сруши Хјустон

Вестбрук како Џордан, Гасол го сруши Хјустон

NBA: Phoenix Suns at Oklahoma City Thunder

НБА лигата во ноќта помеѓу средата и четвртокот понуди богата програма од дури 13 натпревари, а во центарот на вниманието беше неверојатниот Расел Вестбрук кој повторно имаше „трипл дабл“ учинок.

Оклахома славеше над Филаделфија по едно продолжение со 123:118, а Вастбрук и на четвртиот натпревар во низа забележа ’трипл дабл’, и застана рамо до рамо со големиот Мајкл Џордан.

Во центарот на вниманието се најдоа и победата на Голден Стејт над Милвоки (102:93), драматичниот триумф на Мемфис над Хјустон (102:100) и победата на Портланд во ЛА над Клиперси (98:93).

Вестбрук со учинок од 49 поени, 16 скока и 10 асистенции стигна до четвртиот „трипл дабл“ во низа, вкупно шести во сезоната. Оклахома ја запиша 34-та сезонска победа и се наоѓа на осмото место на Западот. Покрај Вестбрук кај Оклахома се истакнаа и Дион Вејтерс (20 поени, 10 скока), односно Ди Џеј Огастин (17 поени).

Голден Стејт против Милвоки стигна до 47-та сезонска победа. Тимот кој се наоѓа на првото место на Западот, односно на второто место во лигата зад Атланта до победата го предводеа Стефон Кари (19 поени, 11 асистенции), Дрејмон Грин (23 поени, 12 скока) и Клеј Томпсон (17 поени).

Марк Гасол погоди во последната секунда за триумф на Мемфис над Хјустон, во чии редови по суспензијата се врати Џејмс Харден. Гасол мечот го заврши со 21 поен, 7 скока и 6 асистенции, додека Харден на другата страна имаше учинок од 18 поени и 13 асистенции.

Ламаркус Олдриџ (29 поени, 9 скока) и Николас Батум (20 поени, 7 скока, 8 асистенции) го предводеа Портланд до победата над ЛА Клиперс (98:93). Кај Клиперси најдобар беше Крис Пол со 36 поени и 12 асистенции.

Кливленд славеше во Торонто (120:112) кај конкурентот за второто место на Истокот. Торонто има скор (38-23), а Кливленд (39-24).

Ударната тројка (Џејмс-Ирвинг-Лав) го однесе Кливленд до победата. Џејмс постигна 29 поени, имаше и 14 асистенции, Ирвинг постигна 26 поени, а Лав имаше учинок од 22 поени и 10 скока.

Кај Торонто Валанчиунас и Вилијамс постигнаа по 26, а Дерозан 25 поени.

Резултати: Индијана-Њујорк 105:82, Орландо-Феникс 100:105, Бостон-Јута 85:84, Минесота-Денвер 85:100, Њу Орлеанс-Детроит 88:85, Мајами-ЛА Лејкерс 100:94, Сан Антонио Сакраменто-112:85.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП