6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Симеоне постави услов за да остане во Атлетико Мадрид

Диего Симеоне постави услов за да остане во Атлетико Мадрид

OGC Nice vs Paris Saint Germain

Шпанскиот шампион Атлетико (Мадрид) има намера да направи вистински трансфер удар за време на летото. Диего Симеоне има сериозен интерес кон Уругвајската ѕвезда на ПСЖ – Единсон Кавани.

Тренерот на шпанскиот шампион Атлетико (Мадрид) Диего Симеоне поставил услов за да остане на чело на тимот.

Надеж за тоа му даваат постојаните шпекулации дека „Ел матадор“ не се чувствува среќен во Париз. Напаѓачот е во затегнати односи со Лоран Блан, бидејќи е игнориран на сметка на Златан Ибрахимовиќ и треба да игра на нетипична позиција за него.

Соиграчите во Париз веќе издадоа дека Кавани не зборува речиси со никој, веднаш заминува дома по секој тренинг.

Моменталната негова цена варира меѓу 50-60 милиони евра, која е невозможна за Атлетико. „Јорганџиите“ планираат да се разделат со Хрватот Марио Манџукиќ и да ги инвестира парите во купување на Кавани. Доаѓањето на Кавани е приоритет за идниот развој на тимот. На „Калдерон“ се подготвени да го продадат Манџукиќ, Арда Туран и Коке, за да обезбеди средства за привлекување на Кавани.

Голема одговорност за спроведувањето на ваквата зделка ќе има дефанзивецот Диего Годин, кој ќе треба да го убеди својот сонародник да пристигне на „Висенте Калдерон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП