27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Фаворитите супериорни

Премиерлига: Фаворитите супериорни

8181564645951

Седум од осумте првопласирани екипи во Премиерлигата забележаа победи во 28. коло.

Лидерот Челзи славеше на незгодното гостување кај Вест Хем со минимален резултат и со натпревар помалку ја задржа предноста од пет бода во однос на Манчестер Сити. Победата на Челзи му ја донесе Азар со голот кој го постигна во 22.минута.

Манчестер Сити славеше над последнопласираниот тим во првенството Лестер со 2:0. Головите за Сити ги постигнаа Давид Силва и Милнер во финишот на првото, односно второто полувреме.

Њукасл загуби од Манчестер Јунајтед со 0:1. Единствениот гол го постигна Јанг во 89.минута по катастрофалната грешка на целата дефанзивна линија на Њукасл.

Арсенал како гостин славеше над КПР со 2:1, а головите беа постигнати во второто полувреме. Жиру и Санчез погодија за Арсенал, а Остин беше стрелец за КПР.

Тотенхем го совлада Свонси со 3:2, Ливерпул со головите на Хендерсон и Стариџ го совлада Брнли, а со ист резултат Стоук славеше над Евертон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП