
Напаѓачот на Свонси Бафетимби Гомис колабораше на натпреварот со Тотенхем, кој во средата се одигра на „Вајт Харт Лејн“.


Напаѓачот на Свонси Бафетимби Гомис колабораше на натпреварот со Тотенхем, кој во средата се одигра на „Вајт Харт Лејн“.
Во осмата минута францускиот напаѓач едноставно падна на теренот, а откако му била укажана медицинска помош и добил доза на кислород, во свесна состојба бил префрлен во болница.
Овој инцидент сите ги врати во март 2012 година кога на мечот помеѓу Тотенхем-Болтон, Фабрис Муамба доживеа инфаркт, поради што неколку месеци подoцна ја заврши кариерата.