20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонско-баскиско финале во Купот на Кралот

Каталонско-баскиско финале во Купот на Кралот

bars5646

Барселона и Атлетик Билбао ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија, откако во полуфиналните пресметки ги минаа Виљареал односно Еспањол.

Барселона во двете средби со идентични 3:1 славеше над Виљареал. Во реваншот на „Ел Мадригал“, Барса сите дилеми околу пласманот го реши по само три минути игра кога

Нејмар го совлада Асенхо. До крајот на полувремето До Сантос успеа да го израмни резултатот.

Во второто полувреме Виљареал остана со играч, поради исклучувањето на Пиња, помалку што го искористија Суарез и Нејмар за да го постават конечниот резултат.

Атлетик по првиот меч имаше резултат 1:1, но успеа во реваншот да слави кај Еспањол со 2:0.

Баскијците до победата стигнаа со головите на Адуриц и Ечерија постигнати во првото полувреме.

Финалето на „Купот на Кралот“ ќе се одигра на 30.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП