21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеја го замени Колантуоно на клупата на Аталанта

Реја го замени Колантуоно на клупата на Аталанта

kolatuno reja

Фудбалскиот клуб Аталанта од Бергамо му врачи отказ на тренерот Стефано Колантуоно и веднаш го промовира Едуардо Реја во негов наследник.

„Аталанта му се заблагодарува на Колантуоно за она што го направи за клубот и му посакува успех во понатамошната кариера“, се наведува во соопштението кое клубот го објави на својата интернет страница.

Реја на клупата на Аталанта ќе дебитира в недела во Парма, но само доколку домаќинот поради финансиската состојба ќе биде во можност да го организира мечот.

Едуардо Реја во кариерата работел во Верона, Болоња, Џенова, Катанија, Каљари, Наполи, Хајдук Сплит и Лацио.

Аталаната се наоѓа на 17-то место во Серија А со само три бода повеќе од Каљари кој се наоѓа во опасната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП