14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДивац именуван за потпретседател на Сакраменто Кингс

Дивац именуван за потпретседател на Сакраменто Кингс

divacpp

Владе Дивац, поранешниот играч на Сакраменто Кингс, е именуван за потпретседател на оваа екипа за кошаркарски и клупски операции, објави клубот на својата интернет страница.

Дивац за еден од своите најблиски соработници го избрал сопственикот на Сакраменто Кингс, Индиецот Вивек Ранадиве.

Актуелниот претседател на Олимпискиот комитет на Србија со задоволство прифатил да се врати во клубот кој во 2009-та година го пензионираше неговиот дрес со бројот 21.

Дивац како играч 16 сезони мина во НБА лигата во ЛА Лејкерс, Шарлот и Сакраменто и стана еден од четворицата кошаркари кои во кариерата забележале повеќе од 13.000 поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции, 1.200 украдени топки и 1.600 блокади.

Покрај Дивац, во ова друшто се наоѓаат уште Карим Абдул Џабар, Хаким Олајџувон и Кевин Гарнет.

Шесетте години коишто Дивац ги мина во Сакраменто се сметаат за најуспешни во историјата на клубот. Тимот во сезоната 2001/2002 го забележа најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната (61-21), но загуби во седмиот натпревар во финалето на Западот од ЛА Лејкерс кои подоцна ја освоија титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП