17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Порто го договориле трансферот на Данило

Реал и Порто го договориле трансферот на Данило

danilo rm

Данило Луиз да Силва, 23-годишниот десен бек на Порто и бразилската репрезентација во летниот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид. Порто и Реал го договориле трансферот на Данило кој изнесува 25 милиони евра.

Изминатата недела преставниците на двата тима имале две средби на кои бил договорен трансферот. Интересно иако Манчестер Јунајтед понудил поголема сума, пресудила желбата на Бразилецот да игра во Мадрид.

Договорот на Данило со Порто истекува во 2016-та година и самиот рекол дека нема намера да го продолжи. Поради тоа Порто мора да го продаде играчот чија откупна клаузула изнесува 50 милиони евра, но и Португалците биле свесни дека нема да ги добија тие пари, бидејќи играчот бил подготвен да го одработи договорот докрај, а потоа да си замине како слободен играч.

Бразилскиот селектор Карлос Дунга, кој се врати на чело на репрезентацијата по Мундијалот, има голема доверба во овој играч за кого вели дека потсетува на Маикон.

Данило е поранешен играч на Сантос со кого во 2011-та година го освои Купот Либертадорес, јужноамерикаснкиот пандан на Лигата на шампиони. Од Сантос за 13 милиони евра се пресели во Порто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП