ИНТЕРЕСНО

Пандев двоен стрелец за Галатасарај (видео)

pandev kup

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев, во вторникот, постигна два гола за Галатасарај во победата над Маниса од 4:0.

Во првиот четвртфинален дуел во Купот на Турција, бранителот на титулата Галатасарај победата ја обезбди уште по првото полувреме кога поведе со 2:0, а гостите останаа со играч помалку.

Пандев головите ги постигна во второто полувреме, тој два пати со глава беше прецозен во 68. и 88.минута.

Пандев кој на почетокот на сезоната пристигна во Галатасарај ова е седми гол во Купот додека сеуште нема постигнато гол во првенството на Турција.

Струмичанецот по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Џенова.