17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ најдоа замена за Пелегрини!?

„Граѓаните“ најдоа замена за Пелегрини!?

Elche FC v Real Madrid CF - La Liga

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е силно посакуван од англискиот шампион Манчестер Сити како заменик Мануел Пелегрини, објави весникот „Дејли телеграф“.

Во моментов Чилеанецот е под огромен притисок поради формата на своите играчи кои се на чекор од елиминација во Лигата на Шампионите и пет поени зад лидерот во првенството, Челзи.

Според изданието Пелегрини може да биде отпуштен ако ја заврши сезоната без ниту еден трофеј и Анчелоти е првиот кандидат за него заменик.

За Италијанецот англискиот фудбал е позната средина, поради тоа што помина 2 сезони во Челзи и во 2010-та година го освои шампионатот.

Минатата сезона стратегот го доведе Реал Мадрид до толку посакуваната десетта титула во Лигата на шампионите, а во моментов тимот не игра воопшто убедливо и води само со 2 поени разлика во однос на лутиот ривал Барселона.

Освен тоа Анчелоти засега не добил предлог за обновување на договорот, а актуелниот му истекува во јуни.

Во Шпанија веќе се шпекулира дека Италијанецот би можел да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, доколку не ја освои титулата во првенството или не успее да го одбрани трофејот во најелитното фудбалско натпреварување.

Евентуален неуспех на Анчелоти би можело да ја олесни работата на Сити во потрагата на заменик на Мануел Пелегрини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП