1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанските медиуми се сомневаат во искреноста на Мекларен

Шпанските медиуми се сомневаат во искреноста на Мекларен

f alonso

Шпанските медиуми не му веруваат на тимот на Мекларен, чии челници соопштија дека болидот со кој Фернандо Алонсо удри во ѕидот на патеката во Барселона, бил технички исправен.

Рон Денис неколку дена по инцидентот истакна дека болидот бил во ред и дека силниот ветер бил причината се несреќата во која Алонсо мина без посериозни последици.

Сепак, весникот El Mundo се сомнева дека ветерот бил единствената причина за инцидентот и тврди дека снимките непосредно пред несреќата покажуваат дека болидот со кој управувал Алонсо имал чудни движења. Медиумите тврдат дека Алонсо ја загубил контролата бри брзина од 150 километри на час, а самиот возач истакнал дека не се сеќава што точно се случило.

Шпанците истакнуваат дека Алонсо заслужува да ја дознае вистината и истакнуваат дека и неговите соработници се сомневаат во искреноста на Мекларен, бидејќи болидите во Ф1 се направени да можат да издржат налети на ветер. Поради тоа тие се сомневаат дека се работи за сериозен технички проблем и дека Алонсо е тој кој ќе го ризикува животот бидејќи ќе го вози истиот болид и во текот на сезоната.

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува во Мелбурн на 15-ти март со трката за Големата награда на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП