4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи заинтересиран за Бред Фридел

Челзи заинтересиран за Бред Фридел

bred fridel

Челзи планира по завршувањето на сезоната да го донесе ветеранот Бред Фридел, како замена за Петр Чех кој извесно е дека по 11 години ќе замине од клубот.

Чех е незадоволен од малата минутажа која ја добива по доаѓањето на Тибо Куртоа, за неговите услуги се заинтересирани Арсенал, Ливерпул, Рома, ПСЖ и Монако.

Поради извесното заминување на Чех, Жозе Мурињо е во потрага по голман кој би бил замена за Куртоа, а според англиските медиуми изборот е Американецот Фридел, чиј договор со Тотенхем завршува на крајот од сезоната.

Бред Фридел во мај ќе наполни 44 години, во кариерата одиграл 450 натпревари во Премиерлигата како играч на Ливерпул, Блекбурн, Астон Вила и Тотенхем во чии редови се наоѓа од 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП