18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо клубот на милијардери се најде и името на Мајкл Џордан

Во клубот на милијардери се најде и името на Мајкл Џордан

mj milijarder

Мајкл Џордан веќе официјално е еден од 1826-те луѓе во светот кои поседуваат повеќе од 1 милијарда долари.

Најдобриот кошаркар на сите времиња се наоѓа на 1741-то место во светот. Џордан го зазема и 513-то место меѓу најбогатите во САД.

Суштински дел од богатството на Џордан, кој изнесува точно 1 милијарда долари е од неговиот договор со „Nike“, носејќи му по 90 милиони долари годишно.

Половина од богатството на Џордан (500 милиони долари), сепак е од сопственоста на Шарлот Хорнетс. Екипата на 52-годишниот Џордан денес се проценува на 725 милиони долари или со повеќе од 300 милиони долари во однос на една година порано. Ѕвездата ги купи Хорнетс за 275 милиони долари во 2010-та година.

Просечната цена на тимовите од „NBA“ одбележа рекордно зголемување од 634 милиони долари на 1,1 милијарди долари во изминатата година. Ова се должи најмногу на трансакцијата, остварена од Стив Балмер, кој го купи Лос Анџелес Клиперс за 2 милијарди долари.

Поранешниот тенисер, а сега инвеститор во недвижности Јон Цирјак и Џордан се единствените поранешни спортисти, чие богатство надминува 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП