23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО’Трипл дабл’ на Рубио, Гарнет исклучен

’Трипл дабл’ на Рубио, Гарнет исклучен

Los Angeles Clippers v Minnesota Timberwolves

Горан Драгиќ се врати во Феникс и го предводеше Мајами до победата над својот поранешен тим, додека Џарет Џек со поени во пследната секунда му донесе победа на Бруклин во мечот со Голден Стејт.

Рики Рубио забележа ’трипл дабл’ во поразот на Минесота, во меч во кој беше исклучен Кевин Гарнет. Победи во натпреварите кои во НБА се одиграа во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот забележаа Торонто, ЛА Клиперс и Далас.

Браќата Драгиќ по неодамнешниот трејд се вратија во Феникс, а Горан со 21 поен го предводеше Мајами до победата од 115:98. Натпреварот мина во знакот на неколку инцидентни ситуации, Маркиф Монфилс поради две намерни лични грешки над Даргиќ беше исклучен, а кон крајот на третиот период боречки дуел имаа Вајтсајд (Mајми) и Лен (Феникс).

Тајлер Џонсон со 26 поени беше најефикасниот играч на Мајами, а Вајтсајд имаше учинок од 17 поени и 10 скокови. Пи Џеј Такер со 20 поени и 14 скокови, односно Ерик Бледсо со 20 поени го предводеа Феникс.

Бруклин славеше над лидерот во првенството Голден Стејт со 110:108, а последните поени ги постигна Џарет Џек на една секунда до крајот. Голден Стејт успеа да надополни негатива од 10 поени во последната четвртина но не успеа да победи.

Стеф Кари  постигна 26 поени, од кои 18 во последната четвртина, додека Клеј Томпсон прв пат сезонава постигна под 10 кошеви. Томпсон уфрли седум поени со лош прцент на реализиција (3/17 од поле, 1/9 за три).

Бруклин го предводеа Брук Лопез со 26 и Дерон Вилијамс со 22 поени.

Далас со триумфот од 102:93 ја прекина серијата од пет победи во која беа кошаркарите на Њу Орлеанс. Колективната игра на Далас беше клуч на победата: Елис постигна 20, Рондо 19, а Довицки, Херис и Стадемаер по 14 поени. Норис Кол со 19 и Ерик Гордон со 18 поени го предводеа Њу Орлеанс.

Рики Рубио забележа ’трипл дабл’ (18 поени, 12 скока, 11 асистенции) но не успеа да го спречи поразот на Минесота од ЛА Клиперс (105:110). Крис Пол со ’дабл дабл’ од 26 поени и 14 асистенции ги предводеше Клиперси.

Инаку натпреварот предвреме го завршија Кевин Гарнет и Остин Риверс.Двајцата добија дупли технички грешки поради физичка пресметка. Синот на поранешниот тренер на Гарнет во Бостон, Док Риверс, Остин изјавил дека не можел да го игнорира ударот кој го добил од Гарнет.

По пет порази во низа Торонто успеа да победи. Демар Дерозан постигна рекордни во кариерата 35 поени во победата над Филаделфија (114:103).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП