9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити дава 100 милиони фунти за Суарез!

Сити дава 100 милиони фунти за Суарез!

suki 1

Шампионот на Англија, Манчестер Сити има во план да одвои 100 милиони фунти за напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Според весникот „Дејли мејл“ раководството на „граѓаните“ е свесно дека нема начин како да ја земе најголемата ѕвезда на каталонците Лео Меси и затоа се ориентира кон Уругваецот.

И покрај двата гола на стадионот „Етихад“ против Сити, Суарез не ги оправдува целосно огромните очекувања кон него. Затоа изданието смета дека шефовите на „каталонците“ нема да имаат ништо против да го продадат ако добијат поволна понуда за него.

Во моментов, сепак има две големи пречки за минувањето на Луис во Сити: забраната за трансфери на Барселона и односот на англиските медиуми кон напаѓачот.

По натпреварот во вторникот, медиумите во Англија повторно го нападнаа Суарез, обидувајќи се да создадат нов скандал со гризење. Во интернет сепак се појави видео на кое се гледа дека напаѓачот не ја гризе раката на Мартин Демикелис, како што тврдеа некои англиски медиуми.

Во исто време весникот „Сан“ излегува со ексклузивен материјал дека од Манчестер Сити ќе направат се што е можно да го привлечат и тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола.

Шефовите на англискиот првак не се задоволни од менаџерот Мануел Пелегрини, чиј стол почна да се ниша по двата последователни порази од Барселона и Ливерпул.

Договорот на Гвардиола со Баерн истекува на крајот на следната сезона, а во моментот тој не дава индикации дека ја гледа својата иднина на „Алијанц Арена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП