18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерасовиќ промовиран во селектор на кошаркарите на Хрватска

Перасовиќ промовиран во селектор на кошаркарите на Хрватска

perasovic

Хрватскиот кошаркарски сојуз, во понеделникот, го промовираше Велимир Перасовиќ (50) во нов селектор на националниот тим. Хрватска остана без селекторт по дебаклот на СП и оставката што си ја поднесе Јасмин Репеша.

Перасовиќ попишал договор до завршувањето на Евробаскетот 2015, на кој Хрватска ќе биде еден од домаќините. Хрватска веќе има договорено седум контроли натпревари преку кои ќе се подготвува за Евробаскетот (две средби со Германија, турнирот во Литванија на кој ќе учествува и Турција и турнирот во Загреб на кој ќе учествуваат Бих, Естонија и Израел).

Перасовиќ од 2012 година работеше во Валенсија, но во декември поради лошите резултат (особено во Евролигата) доби отказ. Во кариерата работел во Сплит, Севилја, Билбао, Естдијантес, Цибона и Ефес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП