12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ ја зголеми предноста над Федерер

АТП: Ѓоковиќ ја зголеми предноста над Федерер

noki i fere

Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Роџер Федерер на врвот на АТП листата, иако во саботата загуби од Швајцарецот во финалето на турнирот во Дубаи. Најновата АТП листа носи неколку промени во Топ 10, Надал се врати на третата позиција, додека Кеи Нишикори се наоѓа на четвртото место што е негов најдобар ранкинг во кариерата.

Ѓоковиќ загуби во финалето во Дубаи, но освои поени, бидејќи направи исчекор во однос на мината година кога загуби во полуфиналето. Српскиот тенисер ја зголеми разликата во однос на Федерер на 3.960 бодови, бидејќи Швајцарецот не протифитираше многу со оглед на тоа што ја одбрани титулата.

Рафаел Надал кој победи на турнирот во Буенос Аирес се врати на третата позиција, додека Енди Мареј од третата „падна“ на петтатата позиција, бидејќи во Дубаи беше елиминиран во четвртфиналето.

Лошиот резултат на Мареј го искористи Јапонецот Нишикори кој официјано е број четири на АТП листата, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Милош Раониќ и Станислав Вавринка го задржаа своите позиции, шестта и седма, а Давид Ферер кој победи во Рио де Жанеиро напредуваше од деветтата на осмата позиција. Шпанецот го замени местото со Томаш Бердих кој сега е деветти, тој не успеа да го одбрани минатогодишното финале во Доха.

Десетти на АТП листата е Хрватот Марин Чилиќ кој поради повреда се уште нема одиграно ниту еден меч оваа година, тој се врати во Топ 10 од каде испадна Григор Димитров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП