21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ и Јунајтед ќе разменуваат играчи!?

ПСЖ и Јунајтед ќе разменуваат играчи!?

la di maria

На крајот на оваа сезона би можело да дојде до размена на двајца аргентински фудбалери, доколку може да им се верува на шпекулациите кои се појавија.

Раководството на Манчестер Јунајтед веќе го истакна незадоволството во врска со нешто послабите настапи на најскапото летно засилување, Анхел ди Марија, а и самиот Аргентинец истакна дека му е потребно време да се навикне на условите во Англија.

Нормално, тоа е доволно да стартуваат шпекулациите дека тој ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната, што нормално не е невозможно.

Според информациите, тој би можел да си замине од Јунајтед и да се пресели во ПСЖ, клуб кој го посакуваше уште на крајот на минатата сезона, а во спротивна насока да замине друг Аргентинец.

Дури постојат шпекулации дека Ди Марија не се преселил во Париз поради финансискиот фер-плеј.

Станува збор за Езекијел Лавеци, кој е поврзан со повеќе клубови од Премиерлигата.

Ливерпул и Арсенал наводно го посакувале за време на зимскиот преоден рок, а сега во медиумите се појави дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП