18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMатиќ ќе добие нов договор!

Mатиќ ќе добие нов договор!

m nemanja

По првиот трофеј по враќањето на „Стемфорд Бриџ“, Немања Матиќ е многу блиску до потпишување на нов, за него профитабилен договор.

Раководството на „сините“ е исклучително задоволно од неговите настапите од почетокот на сезоната и планира да му ја зголеми платата. Според новиот договор Србинот, кој во моментов заработува по 70.000 фунти неделно, ќе заработува по 100.000 на секои седум дена.

Според новиот предлог на „сините“, Матиќ со своите 7 милиони евра годишно, ќе се стане шестиот најдобро платен фудбалер во селекцијата на Жозе Мурињо.

Српскиот репрезентативец, кој поради суспензија го пропушти финалето од „Лига купот“ против Тотенхем, освоен од Челзи со 2: 0, се врати во Лондон во 2014-та година, откако актуелниот лидер во Премиерлигата ги откупи неговите права од Бенфика за 25 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП