7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн трагичар, Кливленд загуби во Хјустон

Леброн трагичар, Кливленд загуби во Хјустон

lebron-james445435

Кошаркарите на Хјустон славеа над Кливленд по едно продолжение со 105:103, во дерби мечот кој се одигра во НБА лигата во ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 98:98. Хјустон до победата стигна благодарение на катастрофалната реализација од линијата за слободни фрлања кој ја имаше Леброн Џејмс, тој погоди само три од 11-те слободни фрлања.

Џејмс мечот го заврши со 37 поени, но ги промаши двете слободни фрлања на четири секунди до крајот на продолжението. Исто така најдобриот играч на Кливленд не го реализираше последниот напад во регуларниот дел од натпреварот.

Хјустон со петтата последовна победа стигна на чекор до втората позиција на Западот, додека Кливленд со вториот пораз во низа се оддалечи од втората позиција на Истокот.

Натпреварот кој беше многу тензичен мина во знакот на шутерскиот двобој на Џејмс Харден и Леброн Џејмс. Овие двајца во последните минути буквално ги исклучија соиграчите од играта и играа ’еден на еден’.

Харден мечот го заврши со 33 поени, 9 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки и две блокади. Поддршка во нападот Харден доби од Теренс Џонс (19 поени, 7 скока) и Донатас Мотејунас (16 поени).

Џејмс постигна 37 поени, на кои придодаде 8 скока, 4 асистенции и по три украдени топки и блокади, а поддршка доби од Кевин Лав (21 поен, 6 скока) и Тринстан Томпсон (14 поени, 19 скокови).

Голден Стејт славеше над Бостон со 106:101 благодарение на Стеф Кари кој постигна 37 поени. Оклахома без Дурент и Вестбрук триумфираше над ЛА Лејкерс (108:101), Портланд убедливо славеше над Сакраменто (110:99), Њу Орлаеанс славеше над Денвер (99:92), Индијана ја декласира Филаделфија (94:74), а Шарлот славеше над Орландо (98:83).

Чикаго загуби од ЛА Клиперс (86:96), мечот на кариерата во НБА лигата го одигра Црногорецот Никола Миротиќ (29 поени, 9 скока). Крис Пол (28 поени, 12 асистенции) и Деамдре Џордан (9 поени, 26 скока) ги предводеа Клиперси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП